Додик: Не барав руско државјанство

Претседателот на Република Српска Милорад Додик ги негираше медиумските извештаи дека бара руско државјанство.

,,Ниту побарав државјанство на Руската Федерација, ниту добив“, изјави Додик за Спутник Србија.

Да потсетиме, Додик синоќа објави дека е во Русија.

,,Пристигнав во Москва“, вели Додик во краткото видео објавено на социјалната мрежа Х.

Тој ненадејно го напушти Израел минатата недела

Откако ја помина минатата недела во Израел, од каде ненадејно замина во четвртокот кога беше прогласен за непожелен гостин на конференција посветена на борбата против антисемитизмот, Додик престојува на непозната локација. 

Додик не објасни зошто отпатувал во Москва додека во БиХ се соочува со потерница и додека Судот на БиХ бара од Интерпол да распише меѓународна потерница по него.