Милорад Додик денеска во Бања Лука изјави дека сака Република Српска да има право на конфедерација со Србија.
Претседателот на босанскиот ентитет Република Српска денеска зборуваше на прес-конференција по средбата со претставници на српскиот народ кои работат во институциите на Босна и Херцеговина.
Тој посочи дека БиХ ентитетот Федерација на Босна и Херцеговина има право на конфедерални односи со Хрватска, а Република Српска на посебни врски со Србија.
„Нашето право е помало од ФБиХ и сакаме да имаме право на конфедерација со Србија“, рече Додик.