Претседателот на Република Српска Милорад Додик рано утринава пристигна во Санкт Петербург, каде што ќе учествува на Меѓународниот економски форум и ќе разговара со највисоките претставници на Санкт Петербург.
– Во Санкт Петербург пристигнавме рано утринава. Започнуваме средби со бизнисмени. Во вториот дел од денот имам средба со претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин – напиша Додик на Х.
Допутовали смо рано јутрос у Санкт Петербург. Започињемо састанке с привредницима.
— Милорад Додик (@MiloradDodik) June 6, 2024
У другом дијелу дана очекује ме састанак с предсједником Руске Федерације Владимиром Путином. pic.twitter.com/ePdQWIdpBs
Возилото со кое се превезува претседателот е означено со симболите на Република Српска.
Потсетуваме, на Додик денеска ќе му биде врачен медал од претседателската библиотека Елцин.
Повеќе од 17.000 учесници од 136 земји учествуваат на Форумот, кој се фокусира на најважните светски економски прашања.