Дознаваме која револуционерна направа пристигнува во Македонија

Еден месец пред почетокот на продажбата, во Македонија постои голем интерес за технолошки најнапредниот уред, наменет за возрасни пушачи кои се заинтересирани за подобри алтернативи во споредба со цигарите.

Секое лансирање на нова технологија која го подобрува корисничкото искуство е проследено со голем интерес, додека се сеќаваме дека во не така далечното минато најновите верзии на мобилни телефони мораа да чекаат цел ден пред продавниците во светските метрополи. Во тоа време имаше многу кои сакаа да бидат први сопственици на нови и убаво дизајнирани уреди. Меѓутоа, во денешно време потрошувачите се многу посвесни, па со нетрпение ги очекуваат оние производи кои нудат најдобри одговори на нивните реални потреби.

Возрасните пушачи, кои не се откажуваат од оваа штетна навика, но сакаат да го намалат ризикот од своето здравје, знаат дека во светот веќе постои IQOS ILUMA, најмодерниот уред, поддржан од науката, за кој е докажано дека е помалку штетна алтернатива во споредба со цигарите.

По светската премиера, во Јапонија, Швајцарија и Италија, овој месец, IQOS ILUMA конечно пристигнува и во Македонија. Покрај новиот дизајн, ја носи и целосно новата технологија за индукциско греење, што е првата разлика во однос на претходната генерација на уреди.

Покрај тоа што технологијата го загрева тутунот, без да го согорува, без пепел и катран, со помалку непријатни мириси, овозможува и отстранување на потребата од чистење на уредот, што значително го подобрува корисничкото искуство.

Семејството IQOS ILUMA вклучува три модели на уреди, кои се потпираат на истата технологија. Сите уреди го загреваат и не го согоруваат тутунот, што го намалува нивото и количината на штетни материи во просек до 95 отсто, во споредба со чадот од цигарите.

Иако содржи никотин, кој предизвикува зависност и носи одредени ризици, тој е подобар избор, поедноставен и технолошки напреден производ за возрасни кои инаку би продолжиле да пушат.