Три победи во квалификациите и две во главниот ждреб на Наталија Стевановиќ и’ донесоа награда од – 153.000 евра. Тоа е сумата што таа ја заработила досега.
Се надеваме дека нема да застане тука, но потребно е да бидеме реални, бидејќи во следното коло ја чека двократната шампионка Петра Квитова.
Важно е да се знае дека од тие пари се одбива данок, но бројката што останува е секако пристојна и ќе и’ овозможи на Наталија да не размислува дали има пари да оди на некој од следните турнири.
Потсетуваме, Стевановиќ зборуваше на оваа тема и истакна дека била блиску до крајот на кариерата:
– Да, лани пред Вимблдон! Финансиски бевме многу слаби, имавме премногу кредити. Но, потоа повторно дојде турнирот на трева, одиграв неколку феноменални натпревари, мојата самодоверба се зголеми и тоа ни даде позитива да продолжиме.