Докажано ослободува од мамурлак! Ако сте испиле премногу – ова е идеалното решение за утрото потоа

Доколку имате дома моркови, рен и кромид, идеално време е да направите салата за мамурлак и на тој начин да ги ублажите нервозите кои доаѓаат по прославата.

Покрај тоа што помага при мамурлакот , оваа салата е и многу вкусна, па може да се јаде во секое време и со речиси секое јадење.

Компоненти:

1 корен од рен

2 моркови

главица кромид

1 чаша јаболков оцет

1 целер

лажица маслиново масло

 

Подготовка:

Зеленчукот исчистете го, ситно изрендајте го и прелијте го со оцет и маслиново масло. Сите состојки се мешаат и се оставаат во фрижидер околу еден час.

Со оглед на тоа што многумина  сакаат да јадат нешто кисело утрото после забава, оваа салата, која може да се користи и како прелив,  е идеална за мамурлак, а воедно е и многу вкусна.