Доколку ги трошите вашите пари вака, вие сте осудени на несреќен брак! Постои само едно решение кое гарантира силна врска без пречки

Дали заедничкиот буџет гарантира среќен брак и кои се карактеристиките на паровите кои се во хармонична врска.

Браковите во кои сопружниците имаат заеднички буџет се посилни од оние во кои имаат посебни сметки. Тајната на семејната хармонија која е поврзана со финансиите ја откриле истражувачите од Kelley School of Business на Универзитетот Индијана во САД.

Во истражувањето учествувале 230 парови кои биле во брак за прв пат. Просечната возраст на учесниците била 28 години. На почетокот на експериментот, сите имале посебен буџет, но со текот на времето некои од нив целосно или делумно ги комбинирале своите финансии. Водечкиот истражувач Џени Олсон објаснува дека по две години набљудување, било откриено дека паровите кои делат буџет имале поголема доверба еден во друг, помалку се карале за пари и биле посреќни во споредба со оние кои ги чувале парите за себе или само делумно ги споделувале.

Бракот со заеднички буџет е врска во која партнерите ги земаат предвид потребите на едни со други затоа што мислат дека тоа е неопходно и важно“, објаснил главниот истражувач.

Џени Олсон објаснил дека таквите бракови се засноваат на силен сојуз за кој истражувачите веруваат дека е поврзан со здружувањето на финансиите. Таа додава дека кај паровите со одвоени или делумно заеднички буџети немало таква поврзаност меѓу партнерите. Сопружниците меѓусебно се однесуваа како деловни партнери, каде што секој, кога ќе купи нешто (т.е. троши свои пари), очекува да добие иста или слична услуга за возврат.

Дополнително, партнерите кои имаат лични сметки се со поголема веројатност да се согласат на развод. Околу 20 отсто од паровите не го завршиле експериментот, во многу случаи поради развод во семејства со одвоени буџети.

бракживотљубовпари