Една жена имала трауматско искуство кога од вагината била отстранета спирала исполнета со влакна што ѝ предизвикувале проблеми.
По неколку месеци инфекции, болки и замор , Аби Елијан (29) од Сан Диего конечно ја откри причината за нејзините проблеми.
На нејзината контрацептивна спирала се формираше влакнесто топче слично на животинско.
Со месеци, Аби страдала од уринарни и габични инфекции , грчеви и камења во бубрезите, а дури подоцна лекарите се посомневале дека спиралата може да биде причина. Кога била изнесена, медицинскиот персонал бил шокиран од „топката коса“ што ја покривала.
Жената верува дека остатоци од тампони, тоалетна хартија и можеби од нејзината коса биле залепени за конците на спиралата. Лекарите претпоставуваат дека материјалот се стврднал околу влошката со текот на времето.
Иако нејзиниот партнер бил поддржувачки, Аби признава дека искуството било трауматично и дека долго време се чувствувала засрамено.
Сега таа сака да ги предупреди другите жени да обрнат внимание на промените во телото и да побараат медицински совет доколку се сомневаат на компликации. Како што вели, нејзината цел не е да исплаши, туку да ја подигне свеста за ризиците за кои многу жени не се свесни, пишува The Sun.