Доктори од Клинички среде бел ден ги оставија пациентите и студентите за да му аплаудираат на Орце

Кандидатот за градоначлник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски денес испи кафе со докторите од клиничкиот центар во Скопје.

„Благодарам на поддршката!
🥼 Денес имав чест да се сретнам и да испијам пријателско кафе со нашите вистински херои – докторите од Клиничкиот центар во Скопје, директорите и професорите од Медицинскиот факултет.
🫡 Разговаравме искрено за предизвиците со кои секојдневно се соочуваат, но и за тоа како градот Скопје може да им помогне.
🅿️ Еден од најголемите проблеми што го истакнаа е паркирањето во околината на Клиничкиот центар, проблем кој одамна бара решение.
✔️ Веднаш по преземањето на функцијата градоначалник на Скопје, ќе постапиме конкретно: ќе ја регулираме состојбата со паркирањето, хортикултурно ќе го уредиме дворот на Клиничкиот центар и ќе изградиме потпорен ѕид кај Детската клиника.
🙏 Ви благодарам на поддршката и довербата!
🫡 Заедно ќе изградиме достоинствено, современо и хумано Скопје, град со кој сите ќе се гордееме!“