Докторката Тања Елиот никогаш не би ги прободела ушите на своите деца на рана возраст. Таа објасни дека пирсингот на ушите кога децата се мали е една од најголемите причини зошто толку многу луѓе имаат алергии на никел.
„Како што се развива имунолошкиот систем на детето и се пробива кожата, телото добива имунолошки одговор. Следниот пат кога ќе го изложите вашето дете на нешто што содржи никел, може да се појави алергиска реакција“, рече таа.
Никелот обично се наоѓа во нерѓосувачки челик, сребро и злато под 14 карати. Алергијата на никел е меѓу најчестите алергии во високо развиените земји и погодува меѓу седум и десет проценти од жените и помеѓу два и три проценти од мажите.
Алергиската реакција на никел е еден вид контактен дерматитис и може да се манифестира во форма на осип на кожата (егзема), чешање, црвенило и отекување на кожата, плускавци, промени на кожата (кожата може да стане потемна и погуста) и инфекција.