Докторот го разоткри Бред Пит, ја откри вистината за неговиот младешки изглед: „Пит ја има таа лузна што ме убедува дека го направил ова“

Холивудската легенда и еден од најпосакуваните актери Бред Пит, деновиве привлече големо внимание поради шпекулациите околу неговиот младешки физички изглед.

Имено, во оваа прилика проговори естетскиот хирург д-р Џони  Бетериџ.

Како што истакна за британски „Мирор“, актерот наводно подлегнал на процедура за лифтинг. 

– Ако ги споредиме неговите неодамнешни слики со фотографија од пред неколку години, можеме да видиме дека тој има помалку брчки околу устата и очите отколку на претходната слика . Брчките на лицето не исчезнуваат сами и никакво количество навлажнувач не може да ги снема. Покажувачкиот знак е околу увото. Тие што ќе направат фејслифтинг таму ќе имаат лузна затоа што таму е затегната кожата. Пит ја има таа лузна, што ме убедува дека го направил тоа. Операцијата може да ја сокриете ако сакате, објасни докторот, посочувајќи дека оваа процедура чини околу 100.000 евра. 

– Познатите личности често анонимно влегуваат во ординациите на лекарите, а болниците ќе вложат дополнителни напори за да ја обезбедат нивната приватност. 
На лекарите не им е дозволено да разговараат за здравствените состојби на нивните пациенти, така што работите обично не излегуваат во печат. Операција како онаа што можеби ја имал Бред Пит би траела до четири недели закрепнување, па ако славната личност може да остане надвор од радарот еден месец или повеќе, може да направи ваков тип на операција без никој да знае, заклучи д-р Бетердиџ.