Храната му обезбедува на телото енергија, протеини и растителни влакна, но важноста на храната во спречувањето и заштитата од болести се повеќе се препознава и разбира. Кога станува збор за здравјето и заштитата на мозокот, консумирањето на одредени видови храна е подобро од други, а д-р Каран Раџан издвои една комбинација на храна што ја нарече „моќна поддршка за здравјето на мозокот“.
Како што објави порталот Експрес, исхраната силно влијае на нивото на холестерол, шеќерот во крвта, крвниот притисок и воспалителните процеси, а сите тие се фактори што можат да доведат до сериозни здравствени проблеми како што се срцев удар, срцеви заболувања, мозочен удар, деменција и рак.
Како две намирници што треба да се комбинираат, д-р Раџан ги издвои боровинките и оревите и објасни: „Ако јадете боровинки и ореви заедно, полифенолите од боровинките во комбинација со омега-3 масни киселини од оревите делуваат како ефикасна заштита за мозокот“.
Зошто е добро да се јадат боровинки и ореви заедно за здравјето на мозокот?
Студија објавена во „Американ журнал за клиничка исхрана“ истакнува дека иако индивидуалните придобивки од консумирањето јаткасти плодови и бобинки се веќе добро познати, неодамнешните истражувања сугерираат дека „постојат сè повеќе докази дека интеракцијата на сите хранливи материи и биоактивни соединенија во јаткастите плодови и бобинките може да има позитивен ефект врз мозокот и когнитивната функција“, објавува „Експрес“.
Студијата заклучи дека редовната консумација на јаткасти плодови, бобинки или комбинација од овие намирници може да се користи „како дополнителен терапевтски пристап во превенцијата и третманот на неколку невродегенеративни заболувања и мозочни нарушувања поврзани со возраста“.