Нутриционистот д-р Џес Кординг вели дека, според мислењето на струката, најздрава конзервирана храна се сардините, но и другите конзервирани риби кои се пристапен извор на протеини, но и одржливи и не бараат долга подготовка или варење.
Конзервирањето ја одржува храната свежа и за јадење, особено храната која е склона кон развој на различни патогени, а во процесот на конзервирање храната поминува низ процес на стерилизација.
Како што објаснува, употребата на конзервирана риба во исхраната има бројни здравствени придобивки.
„ Конзервираните сардини обично имаат помала содржина на жива од многу други видови риби и се сметаат за еден од најдобрите избори на морска храна, особено ако свежата не е достапна “, рече д-р Кординг.
Кога јадеме сардини, додава д-р Кординг, добиваме многу протеини, витамин Д и антиинфламаторни омега-3 масни киселини, а маслиновото масло обезбедува мононезаситени масти здрави за срцето.
Експертите препорачуваат две до три порции конзервирана риба неделно, измешана со тестенини или сама, а можете да ја додадете и во разни салати.