ДОКТОРОТ ОТКРИ КОЈ Е ИДЕАЛЕН ПОЈАДОК ЗА ЖЕНА, А КОЈ ЗА МАЖ: За да бидете ЗДРАВИ и ВИТАЛНИ, јадете го ова

За жените идеален појадок е изматените јајца од 3 белки и едно цело јајце

Докторот Емир Солаковиќ е општ и кардиоваскуларен хирург, кој за време на едно гостување во емисијата Хајат ТВ изјави кој појадок е најдобар за жените, а кој за мажите. Се будам околу 6:30. 6 часа ми се доволни за да спијам. Луѓето кои спијат повеќе од 6 часа имаат проблем. Не е нормално да спиете повеќе од 6 часа.

Организмот се буди сам по 6 до 7 часа, доколку функционира нормално. Ако не можете доволно да спиете, нешто се случува: или работите премногу, или сте под стрес, или сте болни… луѓето кои се дебели се пациенти.

Оние кои се дебели имаат поголема веројатност да се разболат. Никогаш не сум видел дебел човек да појадува. Го прескокнува појадокот. Секогаш грицка нешто, нешто нездраво. Кога јаде, јаде како да го става во пештера. Се движи само од автомобилот до куќата.

Јадат многу, но нема физичка активност и се дебелеат. Идеалниот појадок за жената е: Штом ќе станете, испијте шолја од кој било чај. Ги апсорбира оние токсини кои се акумулираат во текот на ноќта. Потоа земете ги јајцата.

За жените идеален појадок е изматените јајца од 3 белки и едно цело јајце. Тоа се 10 грама протеин.

За мажи: изматени јајца од 5 белки и едно цело јајце. Мастите мора да се конзумираат бидејќи му се неопходни на организмот. Ако сакате здрави масти, слободно ставете малку маслиново масло врз тоа изматено јајце. Нашата кожа, веѓите, косата, ноктите се направени од овие протеини. И без леб. Јадете го ова секој ден.