Докторот предупредува на знаци на дијабетес кои често остануваат незабележани

Раното откривање на дијабетес игра клучна улога во контролирањето на состојбата и зачувувањето на квалитетот на животот, но некои луѓе несвесно живеат со недијагностициран дијабетес. Подолу, откријте некои од симптомите кои може да укажуваат на дијабетес.

Др. Доналд Грант, општ лекар, предупреди дека навидум мали здравствени проблеми може да укажуваат на посериозни состојби.

Тој ја истакна важноста за препознавање на промените во зачестеноста на мокрењето: „Прекумерното мокрење, познато како полиурија, може да биде знак за дијабетес бидејќи телото се обидува да го елиминира вишокот гликоза преку урината“.

Др. Грант, исто така, предупреди дека ненадејните промени во видот бараат итна посета на лекар, бидејќи високото ниво на шеќер во крвта може да ги оштети крвните садови во мрежницата и да предизвика дијабетична ретинопатија, пишува Дејли експрес. Неочекуваното губење на тежината без обид за слабеење, исто така, може да биде знак за дијабетес, бидејќи телото ги разградува мастите и мускулите за енергија кога не може да користи гликоза.

Грант ја нагласува врската помеѓу зголеменото мокрење и брзото губење на тежината како потенцијални рани индикатори за дијабетес, наведувајќи: „Зголемената жед може да биде резултат на почесто мокрење – телото се обидува да ги замени изгубените течности“.

Тој исто така објаснува дека многу од овие симптоми може да укажуваат и на други здравствени проблеми. На пример, честото мокрење може да биде резултат на лекови или бременост, додека промените на видот може да бидат предизвикани од состојби како што се катаракта, глауком или суво око, но може да бидат и знак за дијабетес.

Тој ја истакна важноста од подигање на свеста за вообичаените симптоми на дијабетесот бидејќи раното откривање може да спречи сериозни компликации како што се откажување на бубрезите, срцеви заболувања и губење на видот.