Никол Мекгинис цел живот сонувала да поседува куќа на плажа. Бидејќи успешно закрепнувала од рак на мозокот, таа и нејзиниот сопруг решиле да се почестат.
Сакајќи да си ја олесни потрагата, оваа брачна двојка се појави во емисија која се занимава со пронаоѓање на нивниот дом од соништата . За среќа, истото шоу го следел и докторот Ерик Војт , кој забележал нешто крајно чудно кај Никол.
Лекарот забележал грутка на грлото , што било повеќе од очигледно. Загрижен од тоа што го видел, решил да и влезе во трага преку социјалните мрежи за да и укаже на можните проблеми.
По извесно време успеал да ја пронајде, укажал на потенцијален проблем, поради што Никол веднаш отишла на преглед. Резултатите покажале дека се работи за рак на грлото , од кој подоцна, за среќа, била излечена.