ДОКТОР КОЈ ДОЛГОВЕЧНОСТА ЈА „ДРЖИ“ ВО МАЛИОТ ПРСТ: Само една навика го продолжува животот -ризикот од РАНА СМРТ намалете го за 50 отсто

Лекар кој е специјализиран за долговечност открива дека само една навика може да го намали ризикот од смрт на половина.

Тајната на долговечноста е предмет кој сите би сакале да го знаеме. Свесни сме дека  здравата исхрана игра клучна улога во тоа , но д-р Питер Атија открива дека најважна навика е онаа што ја имаме најмалку. Тој е специјализиран за долговечност и вели дека вежбањето само три часа неделно може да го намали ризикот од рана смрт за 50 проценти.

„Вежбањето е промена што можеме да ја спроведеме за да влијае на должината и квалитетот на животот, а најмалку ги користиме“, рече тој и апелираше да ги вклучиме тренинзите за сила и кардио вежбите во нашата рутина. „За да ги покриете основите, подигнете тегови. Тоа е една од ставките кои најмногу се поврзуваат со долговечноста, но не занемарувајте ја одржувањето на кардиореспираторната кондиција“, додаде тој во подкастот „Sunrise“.

Ако почнувате од нула, вежбањето 30 минути дневно, шест дена во неделата, може да го намали ризикот од смртност на половина. Инаку, според клиниката Мајо, тренинзите за сила помагаат да се продолжи животот, но и да се развијат силни коски, да се контролира тежината, да се подобри квалитетот на животот, да се справат со хроничните состојби и да се изострат мисловните вештини. Од друга страна, кардио вежбите го прават срцето и белите дробови да работат подобро , пумпајќи повеќе крв и кислород низ телото.

„Знаеме и дека вежбањето е еликсир за здравјето на мозокот и неверојатно е колку е поефективно од диетата, па дури и од спиењето. Ни требаат и тие работи, не ги занемарувајте“, предупредува д-р Атија. Според него, секој треба да се труди да јаде овошје и зеленчук, јаглехидрати богати со влакна, протеини и здрави масти. Тој исто така препорачува доволно спиење, како и медитација.