Зависникот од секс Д-р Том Пилмер (40) признал дека имал секс со пациенти во неговата канцеларија додека другите пациенти чекале надвор.
Зависникот од секс , д-р Том Плимер (40), на колегата му ги покажал своите домашни порно видеа кои ги снимил во собата за консултации на неговата ординација во Свиндон.
Потоа и испратил на медицинската сестра 197 фотографии и видеа на кои има секс со десетици жени.
Д-р Плимер покани две жени кои ги запознал на страниците за запознавање назад во канцеларија за секс за време на работното време.
Многу пациенти се ужаснати дека тој сè уште може да работи како лекар. Всушност, тој имал секс со најмалку шест жени во неговата канцеларија и испраќал слики од својот пенис на своите љубовници додека чекал следниот пациент да дојде од чекалната.
Давајќи докази на сослушувањето во Трибуналот за лекари (MPTS) во Манчестер, тој им се извини на своите поранешни љубовници и пациенти за неговото „одвратно“ однесување.
Д-р Плимер претходно беше прогласен за виновен за низа обвинувања поврзани со неговата колешка, вклучително и шетање со откопчани панталони, испраќање несакани видеа, ставање на нејзините раце на неговиот пенис во ерекција.
Против него е поднесена дополнителна пријава за полови дејствија во ординација.
Неговата колешка на сослушувањето рече дека започнала „весело“ пријателство со доктор Плимер со разиграни „инсинуации“ за чоколадниот зајак.
Во март 2018 година, тој и се доверил – и кажал сè за неговата зависност од секс и споделил околу 5.000 телефонски пораки со неа.
Една порака гласела: „Можам ли да ти кажам една тајна? Ти си мојот омилен“.
Докторот Плимер и покажал 197 фотографии и видеа на кои тој има секс со други жени, соопшти лекарскиот трибунал .
Лекарот на сослушувањето изјавил дека „се опоравува“ со поддршка на долгогодишниот партнер земајќи лекови и одење на состаноци на анонимни зависници од секс.
Докторот признал дека праќал експлицитни видеа на колега, но тврдел дека тоа секогаш било консензуално.
Во неколку наврати ги признал и своите сексуални активности во работното време, како и дека испраќал слики од неговите гениталии на пациентка.
Поради сите обвинувања со кои се соочи, се очекува Пилмер да се соочи со санкции и можеби крај на неговата медицинска кариера, пишува Дејли мејл.