Долги колони и чекање од над три часа на Богородица – Евзони

Густ сообраќај и долги колони возила се забележуваат денеска на граничниот премин Богородица и на грчкиот Евзони, каде што се чека и по повеќе од три часа за влез во Грција.

Според информации од возачи кои се наоѓаат на граничниот премин, задржувањата на македонска страна изнесуваат околу 45 минути, додека најголемите гужви се на грчка територија, каде колоните напредуваат многу бавно, а чекањето на моменти надминува два часа.

Метежот е предизвикан од засилен туристички сообраќај, карактеристичен за летната сезона и викендите, кога голем број граѓани заминуваат на одмор во Грција. На граничниот премин, покрај македонските државјани, има и туристи од регионот, што дополнително го отежнува протокот.

Надлежните апелираат до граѓаните на трпение и внимателно планирање на патувањата, а препорачуваат и користење на алтернативни гранични премини кога е можно.