Како што пренесуваат медиумите, популарната пејачка Неда Украден се најде на листата на должници на Хрватската даночна управа.
Како што јави Аваз , Неда Украден и’ должи на хрватската држава дури 13.680 евра. Иако списокот на должници на Даночната управа е јавен, Неда јавно демантираше и рече дека овие податоци се лажни.
– Секако дека не е точно и дека немам никаков даночен долг, кон ниту една држава. Работата штотуку е предадена на адвокатот, чија изјава ќе биде достапна наскоро – изјави Неда за 24sedam.
Инаку, рокот за отплата на долгот беше 26 октомври, па можно е пејачката во меѓувреме да си ги подмирила обврските, иако тоа не го потенцирала.
Да потсетиме, Неда е родена во Имотски кај Сплит, а денес таму има луксузна вила, која, според локалните медиуми, ја издава за 2.000 евра дневно. Покрај тоа, таа од неодамна е сопственичка на стан во нова зграда во Загреб.