Домат полн со отров е лесен за препознавање! Обрнете внимание на еден детал

Веројатно сте застанале пред тезга на пазар и сте се запрашале дали доматите што сакате да ги купите се испрскани. Ви откриваме како да препознаете добар домат.

За да утврдите дали доматот содржи пестициди, најдобро е да го исечете и да погледнете внатре. Типично, доматите со токсини имаат жолтеникави ленти, со жолт „пресек“ во средината.

Исто така, обрнете внимание дали доматите се со иста големина, дали изгледаат идентично – оние што изгледаат „совршено“ и како да се „нацртани“ според истиот модел, најверојатно не станале такви природно.

Избегнувајте и пакувано овошје, по правило, тоа е направено од производство во кое обилно се користеле хемикалии и пестициди, пишува Крстарица.

Но, ако доматот не изгледа „совршено“, ако има бразди, кафеави дамки или малку чудна форма, најверојатно е домат кој не е прскан.

Доматите се растение кое ќе го најдете во речиси секоја градина . Релативно лесно се одгледува и дава големи, црвени, сочни плодови. Па, ако мислевте дека можеби е најбезбедно сами да го одгледувате, еве неколку добри совети кои ќе ви помогнат да го извлечете максимумот од него.

Изберете тип

Секогаш е добра идеја да прашате експерт кој вид домат е најдобар за вашите услови за одгледување. На пример, на отворено место со многу сонце или на тераса. Само затоа што одредена сорта се продава во сите расадници, не значи дека ќе расте добро во сите услови.

Подготовка на почвата

Осигурајте се дека почвата не е тврда или збиена. Новиот коренов систем нема да може да расте и да навлезе низ набиената почва, што го прави процесот на длабоко садење бескорисен. Прво ископајте ја почвата, а потоа можете да додадете компост.

Трик со сода бикарбона

Содата бикарбона е еден вид тајно оружје за обезбедување добар раст на доматите. Кога растението ќе порасне околу 2,5 см, треба да посипете 4 лажички околу растението, но внимавајте да не го допрете растението. Треба да ја повторите постапката некое време пред самата берба. Содата бикарбона ќе се погрижи киселоста на почвата да се намали, а доматите да бидат повкусни.