Домашен крем од лешник: Без никакви додатоци секој треба да го има дома!

Сè повеќе луѓе бараат здрава храна за да ги избегнат многуте адитиви кои ни ги нудат секојдневно. Поради оваа причина, ви пренесуваме рецепт кој ќе ви се допадне!

Направете сами крем од лешници со кој секој десерт ќе стане многу вкусен. Подготвен е многу едноставно и сигурно секој ќе сака да го има во својот дом, пренесува Телеграфи.

Потребно е:

– 240 гр печени лешници,
– 3 лажици мед,
– 3 лажици какао во прав,
– 120 мл млеко,
– 2 лажици вкус на ванила,
– малку сол.

Подготовка:

Печете ги лешниците 10 минути во рерна на температура од 180 степени Целзиусови (внимавајте да не се препече). Избришете со сува крпа.

Во блендер прво ставете ги лешниците, па сите останати состојки.

Блендирајте неколку минути додека не се формира кремаста обвивка.