Домашен овошен јогурт со боровинки: За една минута ќе добиете вистинско летно освежување (фото)

Домашниот овошен јогурт е здраво летно освежување. За разлика од фабричките, не е презаситен со шеќер, а многу лесно се прави. Сè што ви треба е грчки јогурт и сезонско овошје, а ние овојпат ви предлагаме и боровинки.

Процесот на подготовка на овој овошен јогурт е многу едноставен…

Потребно е

  • 250 гр боровинки;
  • 250 гр грчки јогурт;
  • 1 лажица мед.

Подготовка

Сите состојки ставете ги во блендер и убаво измешајте. Ќе знаете дека смесата е готова кога текстурата ќе стане како сладолед. Префрлете го во сад или чаша, одозгора ставете неколку замрзнати боровинки за декорација и послужете веднаш. Ништо полесно! Па, ако ви се допаѓа оваа форма на млечен производ, трчајте во кујната, бидејќи ви се потребни само пет минути од вашето време.

НАПОМЕНА: Можете исто така да ја замрзнете оваа смеса и подоцна да ја јадете како сладолед или како додаток на некоја чоколадна торта.

Овој освежителен овошен јогурт е одличен за ужина. Не содржи додадени шеќери што ги имаат многу индустриски овошни јогурти.