Тримесечно машко бебе, во градот Шелби во американската сојузна држава Алабама, било убиено од домашно милениче, мешавина од волк и куче, објавија американските медиуми, наведувајќи дека животното го изело бебето кое подоцна починало во болница.
Миленичето, создадено со вкрстувањето меѓу волк и куче, е евтаназирано, а потоа однесено во дијагностичката лабораторија во Алабама во Обурн на дополнително испитување, објави канцеларијата на локалниот шериф во Шелби, пренесува NBC News.
Меѓународниот центар за волци објави опширно онлајн предупредување против чување на такви хибриди како домашни миленици.
„Луѓето кои поседуваат хибриди често мислат дека однесувањето на нивните миленици не претставува предизвик, но бидејќи нивната генетска структура ги прави непредвидливи, однесувањето на таквите животни претставува ризик за луѓето“, се вели во соопштението на Меѓународниот центар за волци.