,,Доминос” се шегува на сметка на Манчестер Јунајтед: „Продадовме 752.599.483 пици откако вие се обидовате да го доведете Мбеумо“

Трансфер сагата се ближи кон крајот, Брајан Мбеумо ќе потпише за Манчестер Јунајтед и ќе стави крај на шегите на „Доминос“.

Уште една трансфер сага заврши, по месеци преговори, Брајан Мбеумо стана нов играч на Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ мораа да му платат на Брентфорд 74 милиони евра, со дополнителни 7 милиони евра во бонуси, потврди Фабрицио Романо.

Ова е олеснување за навивачите на Манчестер Јунајтед, кои со нетрпение го очекуваа завршувањето на преговорите. Брентфорд беше доста јасен за тоа колку сака од самиот почеток, а одборот, предводен од Џим Ратклиф, се ценкаше за бројката, се ценкаше како на пазар, само за на крајот да ја плати точната сума што Брентфорд ја бараше од самиот почеток.

Покрај соперничките навивачи, и „Доминос“, познат синџир пицерии, се пошегува на сметка на клубот од црвената страна на Манчестер. Пред неколку дена, тие напишаа на социјалните мрежи „Доставивме 752599483 пици откако Јунајтед се обиде да го потпише Мбеумо“, а откако трансферот на камерунскиот напаѓач беше потврден од Романо, „Доминос“ ефикасно го заврши броењето, во стилот на американскиот претседател Доналд Трамп, најавувајќи „Стоп на броењето!“.

Мбеумо се приклучи на Брентфорд во 2019 година за 6,5 милиони евра. Тој беше еден од темелите на нивниот раст и стабилност во Премиер лигата, а во тој период одигра 242 натпревари и постигна 70 гола, со 51 асистенција.