Демократската обнова на Македонија (ДОМ) остро реагира на катастрофалното однесување на владејачката коалиција во услови на екстремен топлотен бран.
ДОМ ги предупредува институциите дека повеќе не можат да се кријат зад општите соопштенија од Министерството за здравство без конкретни и обврзувачки мерки. Оваа неодговорност ги става во опасност животите на илјадници граѓани и работници низ целата земја.
„Секој ден гледаме како Министерството за здравство објавува препораки без рокови и обврски за нивно спроведување, додека Владата не донесува ниту една одлука што би го гарантирала правото на безбедна и прифатлива работа за здравјето на температури над 40°C. Ова фијаско мора да престане – не е доволно само да се советува „пијте повеќе вода“ додека луѓето колабираат од топлотен удар.
Судбината на работниците на отворено е особено алармантна: градежни работници, земјоделци, благајници, продавачи. Тие се оставени сами на себе без задолжителни паузи, без вода и без заштитна опрема. Инспекторатот за труд нема јасни упатства, а инспекторите немаат право да казнуваат без специфична законска рамка. Ова е срам за владеењето на правото.
Не помалку загрижувачка е состојбата на работниците во непроветрени средини или во инфраструктурни објекти кои го „игнорираат“ топлото време: магацински работници, чистачи, вработени во простории за храна. Тие работат во неподносливи услови во топли средини каде што температурите често надминуваат 35°C, без никакви законски прописи што го регулираат времетраењето на работното време или задолжителното инсталирање на вентилатори и единици за ладење“, наведуваат од ДОМ