Американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп синоќа присуствуваа на балот на врховниот командант, каде танцуваа на песната „The Battle Hymn of the Republic“.
Со овации, парот го зазеде централното место за да ја прослави инаугурацијата на настанот за воена служба.
Првата дама за оваа пригода облече црно-бел фустан без прерамки, бели чевли на високи потпетици, а стајлингот го комплетираше со црно ланче на кое беше закачен брош кој личи на цветен букет.
Фустанот, наводно, го дизајнирал Ерве Пјер, истиот дизајнер кој стои зад нејзиниот инаугуративен балски фустан во 2017 година. Од друга страна, претседателот Трамп носеше црн костум и машна.
Недолго потоа, на сцената им се придружија потпретседателот Џеј-Ди Венс и втората дама Уша Венс, како и членовите на вооружените сили на нацијата, со кои одвоија време да танцуваат валцер.
„Немав поголема привилегија во мојот живот од тоа да служам како ваш врховен командант, не еднаш туку двапати“, рече Трамп на публиката.