Откако судијката Лорета Преска на крајот на минатата година нареди објавување на „тајните“ документите кои беа дел од тужбата за клевета поднесена од Вирџинија Џуфре против соработничката на педофилот Џефри Епштајн, Гислајн Максвел, во 2015 година, тие беа споделени со јавноста доцна вечерта во средата, а од нив се плашат многу познати светски фаци.
Принцот Ендрју, војводата од Јорк, поранешните претседатели на САД, Бил Клинтон и Доналд Трамп, покојниот славен музичар Мајкл Џексон и американскиот магионичар и илузионист Дејвид Коперфилд се само некои од луѓето кои се споменуваат во нив.
Тоа што нечие име стои во споменатите судски списи не значи дека тие лица се обвинети за некакви кривични дела.
Повеќе за самите документи можете да прочитате во нашата објава претходно – ТУКА.
Повеќе за сведочењето на девојката Јохана Сјоберг, која тврди дека поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон сакал „млади девојчиња“ можете да прочитата – ТУКА.
ОВДЕ можете да ги прочитате сите 943 страници судски списи на англиски јазик од кои треперат многу познати светски фаци.