Американскиот претседател Доналд Трамп денес објави дека го избрал дизајнот на штитот за противракетна одбрана „Златна купола“ вреден 175 милијарди долари.
Покрај тоа, тој го постави генералот на вселенските сили, Мајкл Гетлајн, за одговорен за амбициозен проект за блокирање на заканите од Кина и Русија. Станува збор за програмата што Трамп ја нарача во јануари, а која подразбира воспоставување мрежа на сателити за откривање, следење и пресретнување на ракети. Гветлен се смета за една од клучните фигури во военото планирање на Трамп.
Според Трамп, „Златната купола“ ќе ги штити Соединетите Американски Држави, а Канада сака да биде под нејзина заштита. Имено, кабинетот на канадскиот премиер Марк Карни објави дека тој и неговите министри разгледуваат нови безбедносни и економски односи со Америка. Тие потврдија дека ова размислување важи и за „Златната купола“.
Претседателот на САД објави дека овој систем за заштита треба да биде оперативен од крајот на неговиот мандат, односно во јануари 2029 година. Сепак, експертите не се сигурни дали навистина ќе чини 175 милијарди долари и дали ќе биде оперативен од 2029 година, пренесува Ројтерс.
Кина претходно ги повика САД да се откажат од овој систем, верувајќи дека тој би можел да ја загрози стратешката рамнотежа и стабилност.