Во САД, денес беа објавени податоци за економската состојба на земјата, кои ги покажуваат негативните влијанија од политиките што ги води американскиот претседател Доналд Трамп.
Падот на БДП за 0,3 проценти, како и падот на расположението на потрошувачите, кое падна за 32 проценти во април, Трамп, во својата прва реакција на овие податоци, го „обвини“ својот претходник Џо Бајден.
„Ова е берзата на Бајден, а не на Трамп. Јас ја презедов позицијата дури на 20 јануари“, објави Трамп на својата социјална мрежа TruthSocial.
Тој исто така рече дека „тарифите наскоро ќе стапат на сила“ и дека поради нив „многу компании ќе го префрлат своето производство во Америка“.
„Нашата економија ќе експлодира, но мора да се ослободиме од она што ни го остави Бајден. Ова ќе потрае, но не е вина на царините, туку фактот дека тој ни остави лоши бројки. Кога економијата ќе експлодира, тоа ќе биде нешто какво што досега не сте виделе. Бидете трпеливи“, рече Трамп.
Сепак, вреди да се истакне дека економските аналитичари ја обвинуваат најавата за воведување царини за овие економски случувања во САД.
Поради падот на БДП во првиот квартал од 2025 година, Америка моментално е на работ на техничка рецесија, која се јавува ако има пад на овој економски параметар во два последователни квартали.
Целосното спроведување на царините, кое Трамп го суспендираше 90 дена на 9 април, ќе претставува уште посилен удар за американската економија, според економските експерти.