Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, е прогласен за виновен и му е наложено да плати отштета од 83,3 милиони долари во тужбата што ја поднесе новинарката Е. Џин Керол, која го обвини дека ја силувал пред речиси три децении.
Доналд Трамп не беше прогласен за виновен за силување, туку затоа што ја уништил нејзината новинарска репутација тврдејќи дека не ја силувал.
Е. Џин Керол побара минимална казна од 10 милиони долари, меѓутоа, деветте судиски жири составени од седум мажи и две жени и доделија на Е. Џин Керол 18,3 милиони долари за компензација и го казнија Доналд Трамп со уште 65 милиони долари.
80-годишната Е. Џин Керол го обвини Доналд Трамп дека ја силувал во соблекувалната во продавница на Менхетен во средината на 1990-тите години.
Доналд Трамп, од друга страна, тврдеше дека никогаш не слушнал за неа и дека таа ја смислила целата приказна за да ја зголеми продажбата на своите мемоари.