Донатела Версаче го смени личниот опис! Модната дизајнерка го шокираше светот – ова досега не е видено

Фановите тврдат дека трансформацијата на Донатела Версаче е една од најдобрите промени што ги виделе.

Во последните месеци нешто необично се случува во светот на познатите личности, а корисниците на социјалните мрежи се повеќе и повеќе разговараат за тоа.

Сè поголем број на нереални трансформации се забележуваат кога станува збор за физичкиот изглед на познатите личности, особено на оние дами чии пластични операции во одреден момент тргнале наопаку. Сега се чини како тие интервенции никогаш да не се случиле.

Донатела Версаче со години е мета на критики поради претераните и лошо направени естетски интервенции . 

Многумина се запрашаа како е можно со сите пари и можности што ги има таа никогаш да не се обидела да се поправи, а сега изгледа конечно се приклучи на бранот познати личности кои изгледа ја пронајдоа фонтаната на младоста.

Шокантна трансформација на Донатела Версаче

Донатела во неделата вечерта се појави на премиерата на хуманитарниот мјузикл „The Devil Wears Prada“ во Лондон и со својата појава ја остави публиката без здив.

Сестрата на покојниот Џани Версаче  зачекори на црвениот тепих во проѕирен мини фустан украсен со златни светки и кафени чизми со платформа и вртоглаво високи потпетици.

Сепак, она што дефинитивно го привлече вниманието на целиот свет е освежениот и поинаков изглед на лицето на Донатела.

Фотографиите од настанот брзо почнаа да се шират на социјалните мрежи и додека едни веруваат дека конечно нашла добар хирург, други тврдат дека тоа е само мајсторски направен фотошоп.

Ако ги погледнеме новите слики и ги споредиме со старите, дефинитивно можеме да забележиме дека нешто е поинаку кај неа.