Дончиќ им ги плати билети на навивачите од Словенија откако залудно дојдоа во Лос Анџелес да го гледаат

Семејство од Словенија отпатува во Лос Анџелес за во живо да го проследи НБА натпреварот помеѓу ЛА Лејкерс и Милвоки Бакс и да го види на дело својот сонародник Лука Дончиќ.

Картите ги платија 1.000 долари, но Лејкерси играа без словенечкиот кошаркар, а натпреварот го пропуштија и Остин Ривс, Руи Хачимура и претходно повредениот Леброн Џејмс.

Бакс лесно го совладаа ослабениот тим на Језера, а неиграноста на Дончиќ и друштвото ги разочара неговите сонародници, кои решија да се огласат на социјалните мрежи.

Нивниот апел почна да го споделуваат навивачите на Лејкерс, а кога веста стигна до Дончиќ, Словенецот реши да ги преземе работите во свои раце и да им ги плати билетите за следниот натпревар на Лејкерс во НБА.

“Немам зборови за ова во моментов. Лука го виде нашиот твит и ми испрати три билети за натпреварот. Ви благодарам многу и благодарам на сите фанови на Лејкерс што го споделија нашиот апел”, напиша споменатиот навивач на Лејкерс.