Новата ѕвезда на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ ги објасни своите чудни движења кои требаше да бидат прослава на одлична тројка.
Дончиќ беше брилијантен со 30 поени, 8 скока и 15 асистенции во победата на неговиот тим над Њу Орлеанс Пеликанс од 136:115, а неговиот старт на натпреварот беше особено импресивен. Иако на стартот промаши две слободни фрлања, се надоврза со три тројки без промашување.
Откако ја погоди својата трета последователна тројка од корнер, реши да танцува со чудни движења за да ги насмее навивачите. Веднаш се виде дека тоа не е нешто за што размислувал и вежбал долго време, а тоа го призна пред медиумите по натпреварот.
,,Очигледно имам уште многу работа на тоа. Не знаев што да правам за време на прославата, па почнав да скокам наоколу“, изјави искрениот Дончиќ.
Интересно, токму Дончиќ му асистираше на Леброн во четвртата минута од натпреварот за да испише историја. Лука го ангажираше Џејмс, кој погоди тројка и на тој начин ја мина границата од 50.000 поени во НБА кога заедно ги гледаме сезоната во лигата и плејофот.
Леброн го заврши натпреварот со 34 поени, а сега има 41.871 поен во регуларниот дел од сезоната во НБА и 8.162 во плеј-офот.