Дончиќ ја напушти салата со автомобил од 385.000 евра: „Мечката“ на Лука засени се, а навивачите го опколија

Лука Дончиќ привлече големо внимание на проштален натпревар на Горан Драгиќ во Љубљана. Младиот Словенец беше една од најголемите ѕвезди на целиот настан заедно со Никола Јокиќ, но и Богдан Богдановиќ, па не е чудно што навивачите по мечот барем накратко сакаа да се дружат со него. 

На паркингот, во гаражата на салата, Лука беше опкружен со обожаватели кои бараа автограм или заедничка фотографија, а Дончиќ речиси никогаш никого не одбил и внимателно ја исполнувал секоја желба додека зад него бил неговиот моќен автомобил.

Токму автомобилот на Лука им привлече око на многумина.

Станува збор за Mercedes Brabus AMG GT 63 SE Performance, кој има 831 коњски сили и V8 мотор.

Од 0 до 100 километри на час забрзува за само 2,8 секунди, а максималната брзина што може да ја достигне е 316 километри на час.

Цената на сосема нов автомобил е околу 385.000 евра, според информациите од официјалниот сајт на Брабус.