ДОНЧИЌ ЌЕ СЕ ОБИДЕ ДА ЈА ЗАБОРАВИ ОВАА НОЌ! Лука “фрлаше цигли” против најдобриот тим на НБА Западот!


Словенечкиот кошаркар немаше добра вечер во најсилната лига на светот.


Тимот на Далас во текот на целата сезона зависи од настапот на Кајри Ирвинг и Лука Дончиќ, а кога словенечкиот кошаркар ќе киксне – нема многу шанси за победа на тимот од Тексас. Поранешниот кошаркар на Реал Мадрид иако го заврши мечот со 19 поени, не одигра спектакуларен меч на првиот меч од полуфиналето на Западот против Оклахома (117:95). Особено кога станува збор за бројот на шутирани и погодени тројки.

Дончиќ шутираше 6/19 од поле, односно само 1/8 за три поени, што не беше доволно ниту за изедначен натпревар против најдобриот тим од Западната конференција. Веќе во вториот дел Оклахома го скрши отпорот на ривалот, имаше двоцифрено водство пред полувремето, а во преостанатиот дел од мечот само го потврди триумфот во првиот меч во серијата.

Во победничкиот тим се истакна Шеј Гилгес-Александер кој мечот го заврши со 27 поени, а Чет Холмгрен и Џејлен Вилијамс додадоа по 19 односно 18 за победата. Далас го предводеше Кајри Ирвинг со 20 постигнати поени, Лука Дончиќ постигна 19, додека Даниел Гафорд мечот го заврши со 16. Данте Ексум постигна пет поени за осум и пол минути на теренот.

Неколку часа претходно, Бостон го совлада Кливленд (120:95) во првиот меч од серијата и со тоа се упати кон финалето на Источната конференција во НБА лигата. Моментален пласман во полуфиналната серија на НБА:

  • Оклахома – Далас 1:0
  • Денвер – Минесота 0:2
  • Бостон – Кливленд 1:0
  • Њујорк – Индијана 1:0