Од понеделник правдата ќе се бара на скопските и тетовските улици за да се решат трагичните случаи во земјава.
Иницијативата „Чиј е редот“ најави дека во понеделник во 18 часот и 59 минути ќе започне „Маршот за одговорност и безбедност“ со мотото „Доста беше, на ред е системот“.
Правда ќе се бара и од Тетово во 12:30 часот на плоштадот „Илирија“ во организација на иницијативата „Нула“.
Тие пишуваат дека „имаме граѓанска обврска кон настраданите од модуларната болница Беса Транс, Ласкарци и Кочани“.
„Ние бараме да почнеме од НУЛА, бидејќи неправдата не се толерира.”
На социјалните мрежи се најавени низа протести.