Повеќе од еден месец доцни прскањето против ларви од комарци. Град Скопје не открива зошто се доцни со редовната процедура, а дел од граѓаните стравуваат дека постои опасност од наезда и развивање на болести кои ги пренесуваат комарците.
Покрај речните корита и парковите најлесно се множат комарците реагираат граѓаните, а дополнителен проблем се и неискосените тревни површини. Градот се пожалија не наликува на главна метропола, а за тоа обврска имаат градските и локалните власти.
„Има, се чуствуваат кај нас ама јас имам дома ставено мрежа така да заштитен сум од комарците. Меѓутоа ете се случува да влезат и беља е. Би било пожелно да испрскаат во секој случај. “
„Треба да се испрска зошто таму доле не може да се помине од мушички, се пикаат во очи.“
„Тешко е се уште не се осеќа од комарците, меѓутоа кога ќе се стопли времето ќе биде многу проблематично.“
„Ситуацијава е катастрофа комарци колку сакаш.“
Согласно планот за јавни набавки на Град Скопје, во делот на Предмет на договорот за јавна набавка: е наведено дека Превентивна дезинсекција против возрасни форми на комарци и против ларви од комарци, на подрачјето на градот Скопје, за 2024 година проценетатат вредност без ДДВ изнесува приближно 330 илјади евра.
Град Скопје распишало три набавки кои се евидентирани во системот на јавни набавки. Првата е набавка на средство за уништување на возрасни форми на комарци и средство за уништување на ларви од комарци, за ова набавка е донесена одлука за избор на најповолна понуда и е избран за најповолен понудувач.
Втората набавка е за авионска апликација на средство за уништување на возрасни форми на комарци и авионска апликација на средство за уништување на ларви од комарци донесена е одлука за избор на најповолна понуда и е избран за најповолен понудувач.
Третата набавка за терестична апликација на средство за уништување на возрасни форми на комарци и терестична апликација на средство за уништување на ларви од комарци – за оваа набавка е донесена одлука за поништување на постапката на 8 април годинава.
Од Град Скопје на прашањето зошто се доцни со прскањето против комарци велат дека;
„Постапката беше благовремено распишана, но поради жалба на еден од операторите се чека на одлука на второстепениот орган по што се пристапува кон прскање согласно законските процедури.“ – велат од Град Скопје.
За време на снимањето забележавме екипи на комуналните претпријатија кои косеа дел од тревните поврпини на едната страна од кејот на Вардар.