ДОШЛЕ НА СВАДБА, ПА СЕ ОТРУЕЛЕ! Морничави сцени од забавата, гостите почнале да паѓаат: Завршиле во болница (ВИДЕО)

Најмалку 100 луѓе, меѓу кои и деца, се труеле со храна за време на свадбена прослава во Мексико .

На социјалните мрежи се појавија видеа од градот Куернавака каде во неделата нешто по полноќ се одвивала вистинска драма.

Можеме да ги видиме екипите на итната помош кои пристигнаа на местото на настанот и им помогнале на преплашените гости. Се сомневаат дека им се слошило откако го изеле десертот.

Во салата владеела паника, многумина седеле на столчиња и се обидувале да се вразумат .

Локалните медиуми објавија дека неколку лица се задржани во болница, а храната за венчавката ја обезбедила локална компанија.

Не е познато каков десерт им бил послужен на гостите, ниту дали властите покренале истрага.

Видеото може да го погледнете ТУКА.