,,Дојде време да се вратиш кај својот народ!” – Претседателот на Сантос му се обрати на Нејмар – му испрати брутална порака, сака Бразилецот да се врати во својот дом!

Првиот човек на Сантос, Марсело Тешеира, испрати јавна покана до Нејмар да се врати во тој клуб, откако  го раскина договорот со Ал-Хилал.

Марсело преку Инстаграм му се обрати на Нејмар, познат фудбалер кој кариерата ја започна во Сантос во 2009 година.

„Дојде време Нејмар. Дојде време да се вратиш кај твоите луѓе, во својот дом, нашиот сакан клуб“, напиша претседателот на Сантос.

Да потсетиме, Ал Хилал вчера објави дека на заедничка согласност го раскина договорот со бразилскиот напаѓач Нејмар.

Ниту една страна не ги откри деталите за раскинувањето на соработката, а договорот на бразилскиот напаѓач требаше да истече по Светското клупско првенство на кое настапува Ал Хилал кој е на програмата од 15 јуни до 13 јули.

Нејмар поради повреда на предните вкрстени лигаменти одигра само седум натпревари од неговото доаѓање во саудискиот клуб во август 2023 година, во трансфер вреден 90 милиони евра.