Јелена Карлеуша отпатува за Милано, а за фотографиите не престанува да се зборува.
Пеачката Јелена Карлеуша по одморот во Дубаи, од каде што жареше и палеше со фотографии во бикини , повторно ги спакува куферите и со ќерките отпатува во Милано, уживајќи во шопинг, забава и италијански гастрономски специјалитети.
Прво покажа скапи модни додатоци за кои потроши речиси 6.000 евра , а потоа ги воодушеви сите со елегантно издание – бел костум кој одлично ја истакна нејзината линија. Една вечер подоцна Јелена повторно ги запали мрежите! Пеачката се разголе и полугола пристигна во ресторанот на вечера.
Српската поп дива избра ултра краток фустан со полупроѕирен горен дел. Два црни круга едвај и ги покриваа градите, додека таа танцуваше и се забавуваше на музиката, кревајќи ги нозете… Погледнете фотографии: