Извршниот директор на Дојче банка, Кристијан Шивинг, не откри колку експозитури ќе бидат затворени. Но, рече дека тоа е „голем број“. Минатиот септември беа најавени затворања на помали филијали и започнаа преговори за промени со работничкиот совет.
Најголемата германска банка Дојче банка оваа година планира да отпушти околу 2.000 работници и да го намали бројот на експозитури. Мерките се дел од пошироката стратегија за намалување на трошоците на банката, пренесува германската новинска агенција DPA.
Дојче банка моментално има вработено околу 90.000 луѓе низ целиот свет. Само во Германија има околу 380 експозитури, а дополнителни 470 работат преку својата подружница Постбанк.
Извршниот директор на Дојче банка, Кристијан Шивинг, не откри колку експозитури ќе бидат затворени. Но, рече дека тоа е „голем број“. Минатиот септември беа најавени затворања на помали филијали и започнаа преговори за промени со работничкиот совет.
Дојче банка неодамна се фокусираше на дигитално банкарство и планира да го зголеми бројот на видео и телефонски консултации. Порано оваа година беше најавена нова иницијатива за реструктурирање чии што цели се зголемување на ефикасноста преку помалку хиерархии и поголема употреба на вештачка интелигенција.
Дојче банка лани оствари 5,3 милијарди евра добивка пред оданочување, што е седум отсто помалку од претходната година.