Земјата се соочува со многу високи температури.
Највисока температура од 42 степени е измерена вчера во Гевгелија, 41 во Велес, додека 40 во Скопје, Демир Капија и Струмица.
УХМР предупредува на сончево и многу топло време за денес. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се движат од 13 до 22 степени, додека максималните температури ќе достигнат од 36 до 42 степени.
Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 21, додека максималната ќе достигне 41 степен.
Во петок и сабота времето ќе биде сончево и многу топло со локална мала до умерена облачност и температура која повремено ќе достигне 43°C. Во недела ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, додека температурата ќе биде во опаѓање.