До 13 септември ќе се знаат сите кандидати за градоначалници за локалните избори, најави лидерот на партијата, Христијан Мицкоски. Во изјава за медиумите, тој истакна дека партијата ќе одржи состаноци во рамките на своите структури, вклучувајќи и извршниот комитет, за да се утврдат конечните кандидати за градоначалници и советници. Мицкоски потврди дека ќе бидат објавени и имињата на кандидатите во општините каде досега не се знае кој ќе ја бара довербата на граѓаните.
,,Ќе имаме состанок во рамките на партијата, ќе имаме состанок и во извршниот комитет на партијата, до тогаш очекувам сите параметри да бидат познати. Бијдеќи крајниот рок е 13 септември, значи во тие први недела недела од септември ќе биде се познато. Не само за овој дел од Македонија, туку генерално зборувам и за оние имиња во општините каде нема се уште имиња, да бидат објавени.“, рече Мицкоски
Мицкоски нагласи дека иако договорот за поддршка на кандидатите од ЗНАМ е близу, за советничките листи секоја партија ќе ги задржи своите, при што ВМРО-ДПМНЕ ќе ја води својата листа, додека ЗНАМ ќе има своја посебна листа
,,Многу блиско сме до договор за поддршка на кандидатите на куманово и центар, многу блиску сме до тој договро. Во таа насока мериме уште неколку оптшини, да видиме дали кандидатот од ЗНАМ или кандитатите од ВМРО ДПМНЕ имаат подобри перформанси кај граѓнаните. Уште две три општини се од прилика во фокусот на тие разговори и убеден сум дека на крај ќе постигнеме договор, за заедничка поддршка на кандидатите за градоначалници. Што се однесува до советничките листи, колицијата што си ја предводи ВМРО ќе си има свои листи, а политичката партија ЗНАМ ќе си има свои листи.“; додаде Мицксоки
Инаку, локалните избори во државата ќе се спроведат на 19 октомври прв круг, додека втор круг на 2 ноември.