Музичката ѕвезда Драгана Мирковиќ е во процес на развод од бизнисменот Тони Бијелиќ, а како што дознава српскиот портал Телеграф го тужела и наскоро ќе се сретне на суд бидејќи е закажано првото рочиште.
Имено, иако првично во јавноста се зборуваше за спогодбен развод, тоа нема да се случи.
Драгана решила имотот што го имаат да го подели преку суд, бидејќи „во моментов не е можен друг договор“, вели изворот за Телеграф.рс.
Да потсетиме, Драгана неодамна со следнава изјава ја информираше јавноста дека се разведува од Тони, со кој има две деца – ќерката Мануела и синот Марко:
„Како некој кој целиот свој живот го изградил на чесност, чувствувам морална обврска денеска да и’ се обратам на целата јавност. Со голема тага морам да ве информирам дека поднесов барање за развод.
Мојот однос со Тони веќе подолг период не беше како што беше, а последните три години практично водевме одвоени животи и не живееме под ист покрив. И покрај сите непомирливи разлики, за доброто на моето семејство и затоа што така сум воспитана, направив сè за да ја спасам заедницата што некогаш ја имавме. Меѓутоа, со текот на времето, тој јаз стана поголем и сфатив дека повеќе им нанесуваме штета на нашите сакани со тоа што насилно остануваме во нешто што долго време не функционира, отколку со ставање крај на нашиот брак.
Сигурно останувам доследен на моите принципи, на мојот начин на живот, исто како што останувам верен на моето семејство и на мојата публика, и секогаш ќе имам почит кон Тони како татко на моите деца и некој со кој поминав многу убави години .
Поради сето тоа ова е моето единствено обраќање во однос на сè, им благодарам на медиумите за досегашната соработка и ве молам да ја почитувате оваа одлука и да не ја зголемувате тежината на моментот низ кој минува целото наше семејство.
Со надеж дека следниот пат ќе слушнам од вас со многу подобри вести, однапред ви благодариме за разбирањето“.