Драгана Мирковиќ од вчера е главна тема во медиумите поради пропаѓањето на бракот со Тони, кој траеше 24 години. На пејачката ја вознемири веста која го потресе целиот регион дека исчезнало 2-годишно девојче од Бор.
Драгана објави на својот Инстаграм профил и сподели фотографија од малата Данка од Бор.
Да потсетиме, потрагата по Данка трае од вторник. Во текот на ноќта жандармеријата со четири возила и џипови со квадрици влегла во Бањско поле. Теренот е ,,прочешлан” по сектори, така што секое место детално се пребарува уште еднаш.
Драмата започнала околу 13 часот, кога, како што изјавила мајката на Данка, Ивана, девојчето исчезнало додека му давало вода на другото дете, нејзиниот тригодишен син.