Драган Бјелогрлиќ со синот на снимањето на „Сенки над Балканот“ (ФОТО)

Српскиот актер и режисер Драган Бјелогрлиќ на својот Инстаграм профил сподели дека во тек е снимањето на третата сезона од серијата „Сенки над Балканот“.

На фотографијата до него е неговиот син Алексеј, кој исто така глуми во серијата.

– Сенки повторно доаѓаат на Балканот – накратко изјави Бјелогрлиќ, навестувајќи дека долгоочекуваната трета сезона од популарната серија наскоро ќе пристигне на малите екрани.

Серијата „Сенки над Балканот“ на Драган Бјелогрлиќ предизвика голем ентузијазам кога беше премиерно прикажан во 2017 година, а се занимава со темата на историјата на Балканот во периодот меѓу двете светски војни и носи многу интересен увид во турбулентниот период на Кралството СХС.

Алексеј Бјелогрлиќ го толкуваше ликот на млад боксер во вториот дел од популарната серија „Сенки над Балканот“, а се чини дека улогата ќе ја повтори и во третата сезона.

Драган Бјелогрлиќ во мај минатата година потврди дека ќе добие трета сезона, а вети и дека навремено ќе ја информира публиката кога ќе почне снимањето.