Вашингтон „дефинитивно“ стои зад наводниот обид за атентат на Владимир Путин, велат од Кремљ.
Кремљ исто така додава дека Русија има неколку опции за одговор, но одбија да коментираат дали украинскиот претседател Володимир Зеленски е една од нивните цели за одмазда која претходниот ден ја најавија.
Кремљ тврди дека Соединетите Американски Држави (САД) се тие што ги одредуваат целите, а Украина само ги спроведува американските планови. Кремљ, како и претходно, не понуди никакви докази за своите тврдења.
„Обидите на Вашингтон и Киев да негираат дека стојат зад нападот се ‘апсолутна глупост’ за Кремљ“, соопштуваат од прес-службата на рускиот претседател.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски вели дека официјален Киев нема никаква врска со инцидентот во Москва. Во меѓувреме, тој пристигна во ненадејна посета на Холандија односно во градот Хаг.
„Овде во Хаг, сите сакаме да видиме друг Владимир“, вели Володимир Зеленски, мислејќи на налогот за апсење на Владимир Путин издаден од Меѓународниот кривичен суд (МКС).
„Владимир Путин заслужува да биде осуден и донесен во Хаг“, нагласи денес Володимир Зеленски. Тој додаде дека е убеден дека тоа навистина ќе се случи откако Украина ќе ја добие војната.
Претседателот на Украина тврди дека Русија извршила 6.139 воени злосторства само во месец април, што резултирало со смрт на 207 цивили, од кои 11 биле деца.
Володимир Зеленски инсистира на тоа дека мора да се формира специјален суд кој ќе ја гони Русија за кривично дело агресија Тој повикува на покренување на „полноправен“ суд и вели дека не доаѓа предвид никаков компромис.