Весникот Politico денес објави дека поседува документ од 53 страници со детали за учеството на Европа во војната во Украина. До документот дошле по објавувањето на доверливите документи на американската воена разузнавачка служба од Пентагон.
Документот ги прикажува американските сомнежи за пролетната контраофанзива на Украина, открива како и кога Франција и Шпанија планираат да испратат клучен ракетен систем на бојното поле во Украина а се тврди дека Турција е потенцијален извор на оружје за руските платеници но се споменува и Хрватска.
Имено, еден од документите детално го опишува планот на украинските пилоти да летаат од Хрватска до Украина преку унгарскиот воздушен простор со цел да ги предрлат донираните хеликоптери на Киев. Доколку информациите се точни, тоа би докажало дека Унгарија дозволува да помине оружје преку својот воздушен простор, што е спротивно на медиумските извештаи дека хеликоптерите ќе бидат префрлени по копно или воздух од Полска.
Politico пишува дека ниту унгарските ниту хрватските официјални лица се уште не одговориле на нивните прашања за овие наводи.