Фудбалерот на Хајатспор, Кристијан Ацу, е пронајден мртов под урнатините по 12 дена потрага.
За повеќе од 10 дена кога спасувачите се обидуваа да најдат преживеани под луксузната 11-катница во Хајат, а немаше трага од поранешниот фудбалер на Челзи, се појавија две теории за тоа каде може да биде.
За жал, ниту една од нив не беше вистина, а најмрачните претчувства се остварија. Иако термалните камери покажаа дека пет лица даваат знаци на живот под урнатините, спасувачите не успеаја да најдат преживеани.
Кристијан одиграл натпревар ноќта пред земјотресот со јачина од 7,7 степени, а по мечот отишол кај соиграчот Сем Адекугбе и останал со него до доцна во ноќта.
Се претпоставува дека тој пристигнал во својата куќа околу 3 часот и 30 минути, приближно во моментот на првиот удар и вториот земјотрес кој ја погодил зградата во која живеел починатиот фудбалер, по што таа се урнела.
Колку немал среќа, доказ се зборовите на менаџерот на Хајатспор, Фатих Илек, кој откри дека ден пред земјотресот Ацу го откажал авионскиот билет.
Кога ноќта пред земјотресот постигна гол против Касимпаша, реши да не патува и да остане со соиграчите“, откри тој во интервју за „Раидоспор“ Илек.
“Кристијан му кажа на тренерот дека му треба повеќе време за размислување. Сакаше да замине во странство кај своето семејство. Имаше авионски билет за 23 часот, прво требаше да лета за Истанбул, а од таму до Франција. Тој се откажа. Каква трагедија“, рече Илека.